13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Градоначалникот на Пробиштип позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, објави дека позитивен на коронавирусот.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитување на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за Covid 19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна самоизолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло“, напиша Анастасов на „Фејсбук“.

Тој апелира до сите за дисциплина, почитување на мерките и препораките за носење маска и социјална дистанца.

„На сите со позитивен тест ви посакувам брзо оздравување“, напиша градоначалникот на Пробиштип.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Граѓанска трибина во Пробиштип „Најдоброто за нашата општина“ во 20.00 часот

M T