16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМА

Д-р Жан Митрев: Вирусот е непредвидлив, доведува до тешки форми на сепса

Кардиохирургот Жан Митрев во гостување на Сител телевизија истакна дека со времето се покажало дека се справуваме со голема инфекција, која прави пореметување во имунолошкиот организам на пацинетите и доведува до тешки форми на сепса.

-Во моментов повеќе од 50 пациенти се згрижени кај нас, имаме околу 80 кревети комплетно опремени со мониторинг за грижа на болните. Континуирано бројките се зголемуваат, не се работи за прв бран, втор, бран, последнава недела осеќаме дека има голем притисок, не можеме одма и веднаш да ги примаме пациентите, тие мора да почекаат– рече д-р Митрев.

Имаме спуштање на старосната граница, вели д-р Митрев, многу млади луѓе се јавуваат со тешка пнеумоинија, измеѓу 30-50 години.

фото Pixabay / илустрација

-Загрижува фактот што имаме млади луѓе кои немаат никакви претходни коморбидитети. Не можеме да предвидиме каква ќе биде реакцијата на организмот и во кој правец ќе фати. Вирусот е непредвидлив. Се радуваме за млади пациенти кои после 7 дена ги тргнаме од машина, од друга страна кај друг пациент правиме сè што можеме, но не можеме да помогнеме, нема правило по кое се водиме- вели д-р Митрев, додавајќи дека пациентите многу доцна се јавуваат на лекар.

илустрација

Не мислевме дека ќе имаме ваква навала од пациенти, вели д-р Митрев.

-Ниту пак властите не очекуваа ваква ескалација, мислевме дека ќе помине летото и дека ќе живееме среќно- вели д-р Митрев.