14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-Народна партија: Зошто во Македонија сè уште нема брзи ПЦР тестови во аптеките?

ВМРО-Народна партија тврди дека има потврдени информации дека во некои од соседните земји веќе се продаваат брзи ПЦР тестови каде што луѓето можат самостојно да го купат во аптека и самостојно во рок од петнаесет минути да направат проверка дали нивниот резултат е позитивен или негативен.

Цената на овие брзи ПЦР тестови, според ВМРО-Народна партија, изнесува околу 12 евра.

„Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот ваквиот тип на тестови кои од една страна ќе доведе до значитечно финансиско олеснување на луѓето, а од друга страна пак ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење на дополнителна зараза. Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето“, велат од партијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-Народна: Заев зборуваше храбро за македонската историја

CENTAR MKD