11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Фејсбук профил на пратеникот Лазе Таневски
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пратеникот Лазе Таневски заразен со коронавирус – за среќа нема симптоми

Самоницијативниот тест за коронавирус кој го направил Лазе Таневски, пратеник од редовите на СДСМ покажал дека тој е позитивен.

– За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен, информираше пратеникот Таневски.

Таневски ја информираше јавноста дека неговото семејство исто така се тестирало, при што сите членови добиле негативни резултати на коронавирус тестот.

-Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја. Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни, порача Таневски.

Претходно денеска, беше објавено, дека тестот на пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски бил позитивен. Ова дојде откако тој беше хоспитализиран, поради покачена телесна температура.

Денеска беа регистрирани рекордни 393 новозаразени од ковид 19 на ниво на Маедонија, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата за само 24 часа. Рекордни бројки на новозаразени се бележат во сите земји од регионот, но и Европската Унија.

Спонзорирано: