Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Новите цени на горивата во вторник, наместо во понеделник

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 13 октомври во вторник ќе ги утврди новите цени на горивата во земјава, кои ќе траат во следните седум дена.

Стандардно, секој понеделник РКЕ ги утврдува цените на дериватите, но овој пат, истите ќе бидат утврдени во вторник бидејќи 12-ти октомври понеделник е прогласен за неработен ден.

Со последната одлуа дизелот поскапи за 0,5 денари, а бензинот поевтини за 1,5 денари, па во моментов горивата се точат по следните цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95: 59,00 (денари/литар)
  • ЕУРОСУПЕР БС – 98: 61,00 (денари/литар)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 50,00 (денари/литар)
  • Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 50,00 (денари/литар)

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +