11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Русија започна истрага за хоспитализацијата на Навални

Министерството за внатрешни работи на Русија започна прелиминарна истрага за хоспитализацијата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, соопшти Министерството.

„Во моментов истражителите од сообраќајната управа на руското Министерство за внатрешни работи за сибирскиот сојузен округ спроведуваат прелиминарна истражна постапка, што беше иницирана од западносибирското Обвинителството за транспорт во согласност со утврдената постапка на хоспитализација на Алексеј Навални во Омск на 20 август“, изјави извор за ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е заинтересирана да ја утврди причината за состојбата на Алексеј Навални, кој е сместен во болница во Берлин и се наожа во индуцирана кома, а неговите приврзаници тврдат дека тој е отруен.

Спонзорирано: