19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

ЈСП: Денеска и утре зголемен број на автобуси до Матка

ЈСП информира дека денеска, 27 август, во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок, 28 август, од 7 до 18 часот.

Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Утре, 28 август, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот

Спонзорирано: