14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Филипини земја со најмногу заразени во Југоисточна Азија: 3.224 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Филипините денеска соопшти дека се потврдени 3.224 нови случаи на коронавирус и дека од таа инфекција починале уште 97 лица.

Вкупниот број на заразени на Филипините достигна 205.518, и тоа е земја со најмногу заразeни во Југоисточна Азија, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус на Филипините починале 3.234 лица.

Спонзорирано: