24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов на Канал 5: Ако ВМРО ДПМНЕ не сака консензус за изборите тие ќе се одржат на 21 јуни

„Доколку ВМРО ДПМНЕ се однесува неодговорно и продлжи да ги следи партиските интереси, тогаш законски изборите ќе се одржат на 21 јуни. Не можам да поверувам зошто Мицкоски кој бараше избори минатата есен сега бега од избори. Сигурно бега од поразот што го очекува. СДСМ како одговорна партија дава шанса да се постигне консензус за ова важно прашање, но доколку ВМРО ДПМНЕ продолжи да работи само за свои интереси, ќе имаме сепак избори. А ВМРО ДПМНЕ ќе учевствува на тие избори.“- изјави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој нагласи дека сите препораки од здравствените власти се дека изборите се можни во текот на јуни.

„Имајчи ги предвид предупредувањата дека ќе има нов бран од пандемијата многу е логично изборите да се одржат во период кога вирусот е најлесен за менаџирање. Најбезболно и најефикасно е изборите да се одржат. Ние мораме да мислиме на здравјето, но и на демократијата. Доколку ВМРО ДПМНЕ продолжи да ја злоупотребува позицијата заради внатрепартиски несогласувања, тогаш ќе мора да се закажат избори.“ – дополни Костадинов.