26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов на Канал 5: Мицкоски зборува за здравјето, а не почитува мерки на заштита

„Одговорност во оваа здравствена криза имаме сите индивидуално и немојте во ВМРО ДПМНЕ да глумите загриженост за здравјето затоа што сите ваши постапки се спротивни на тоа. Одговорна политика и одговорна партија спроведува избори кога има најдобри услови за избори. Никој не може да гарантира колку заразени ќе има во текот на кампањата или на изборите, исто како што не знаеме како ќе биде на есен, но сигурно ќе биде поопасно.“ – изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Костадинов потсети на случајот со снимките како лидерот на ВМРО ДПМНЕ вежба во теретана во време на пандемија и забрана за работа на фитнес центрите.

„Мицкоски не почитува мерки, оди во теретана. Многу е веројатно дека Мицкоски се јавува во МВР да се заборави случајот со теретаната. Тоа е доказ како ВМРО ДПМНЕ се грижи за здравјето и за демократијата.“- заклучи Костадинов.