Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нови случаи на коронавирус во Кина

Кина објави седум нови случаи на зараза со коронавирус на 17 мај наспроти пет случаи кои беа евидентирани претходниот ден.

Пријавени се два случаја во североисточната провинција Јилин, која во моментот е под делумни карантински мерки како резултат на избувнување на заразата, така што вкупно 33 лица се заразени со коронавирусот во покраината од 7 мај.

Шангај пријави еден нов случај на пренесување болести на локално ниво, прв од крајот на март во тој финансиски центар. Четири нови случаи на инфекција во внатрешноста се однесуваат на патници што допатувале од странство.

Досега се пријавени 82.954 случаи на инфекција во внатрешноста на Кина, а бројот на починати остана непроменет – 4.633. Исто така, забележани се 18 нови асимптоматски преносители на заразата.