14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со третиот пакет економски мерки милиони обезбедуваме трансформација на економијата

Преку трите пакети мерки со вкупна вредност од 550 милиони евра, донесени од Владата предводена од СДСМ, ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување и трансформација на македонската економија, соопшти СДСМ.

Според партијата, првите два пакети мерки се насочени за поддршка на економијата и зачувување на работните места на граѓаните, а мерките од третиот пакет обезбедуваат заживување на македонската економија преку директна поддршка и на граѓаните и на стопанството.

„Третиот пакет мерки гради нова, развојна македонска економија, со него се зголемува потрошувачката и се стимулира заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Истовремено ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и светско ниво, ќе се активира и помогне домашниот туризам, но и ќе се промовираат нови земјоделски култури и ќе се обезбеди дополнителна поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно прозиводство

Преку трите сета економски мерки, кои опфаќаат 730.000 корисници, ги поставуваме темелите за брза трансформација на македонската економија.СДСМ се грижи за сите граѓани и за сите компании. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри и уште посилни“, се додава во соопштението.