14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре лидерска средба: Ќе падне ли договор за парламентарни избори на 21 или 28 јуни?

Утре, 18 мај 2020 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата се поканети и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Неофицијално како можни датуми за избори се споменуваат 21 или 28 јуни кои се некаде насредина меѓу барањата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. СДСМ бараше изборите да бидат на средината на јуни, а ВМРО ДПМНЕ на средината на јули.