23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Не знаевме дека градоначалникот Димитриевски чека резултати за коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче кој е во домашна изолација кажа дека на вчерашниот состанок во Куманово членовите на Владата не знаеле дека имало лица кои се тестираат на Ковид-19.

Бројката од 107 заболени не треба да изненадува, изјави на вечерашната онлајн прес конференција министерот за здравство Филипче. Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките. Петмина пациенти на Инфективаната клиника се на респираторна вентилација , додека во 8- и Септември има шестмина на респиратори.

Случајот во Битола ќе го испита државниот санитарен инспекторат, тестот на починатото момче затвореник во затворот во шутка е негативен, десетина трудници тестирани на гинеколошката клиника се со негативни тестови.

Филипче порача дека не смее да има какво било групирање на граѓани за Велигден, зашто влегуваме во најкритичната фаза.