Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Спасовски за ТВ21: Граѓанинот е херојот во оваа битка против коронавирусот, доколку ги почитуваме препораките од Владата ризикот го сведуваме на минимум

Главниот фактор во борбата против коронавирусот е граѓанинот, тој е херојот во оваа битка порача преммиерот Оливер Спасовски во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Жителите на Куманово и граѓаните во целата земја треба да ги почитуваат мерките и препораките што се донесени од Владата. Доколку секој од нас држи дистанца, ако не правиме гужви во банките, во маркетите, доколу се држиме до препоракитеда не се групираме на не повеќе од двајца, ние ризикот го сведуваме на минимум. Тоа е клучната работа. Главниот фактор е граѓанинот. Граѓанинот е херој во оваа битка против коронавирусот“, нагласи Спасовски.

Тој најави дека Комисијата за заразни болести ќе заседава, по што Владата очекува да добие упатства за потребата од дополнителни мерки за Куманово.

„Одлуките треба да ги носиме исклучиво врз мислењето на стручните лица и на експертите. Најважно е да се преземат мерките што ќе дадат најдобри резултати во овој момент“, нагласи премиерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК