11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Прв смртен случај во Македонија од корона вирус

Прв смртен случај од корона вирусот е регистриран во земјава, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за 57-годишна Кумановчанка, и вирусот кај неа е потврден посмртно.

Жената имала симптоми на болеста, состојбата и била влошена, а докторите и направиле двапати тестови на кои била негативна. Сепак, заради симптомите била третирана во изолација, и била хоспитализирана минатата недела. Брисот бил земен по смртта, бидејќи значително и се влошила сосотојбата, а докторите се посомневале и земале трет брис, кој се покажало дека е позитивен.

Заедно со неа бил хоспитализиран и нејзнииот 33-годишен син, вчера му се влошила состојбата, бил префрлен во изолација, а потоа и на клиниката за инфективни болести, каде е стабилизиран и во подобра здравствебна состојба.

Во меѓувреме, до 12 часот денеска има 29 ново заболени, со што бројот се зголеми на 114.

Спонзорирано: