10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хумана и солидарна мерка на СДСМ: Плата за сите кои останаа без работа поради корона вирусот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција предложи сет економски мерки со цел да им се помогне на граѓаните и стопанството во надминување на кризите, на кои во следниот период ќе им се интензивираат последиците, како на здравствената, така и на економската.

Една од мерките, предложени од СДСМ, се однесува на граѓаните кои што останале без работа во период на здравствената криза со корона вирусот. Имено Заев предложи месечна плата во износ од 50 отсто од просечната плата на работникот. Ова е одлична мерка за оние кои периодов останаа без работа, а не се во прилика да работат од дома или да најдат ново работно место.

„За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, односно согласно член 68 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Каде јасно е објаснето решението за работници кои останале без работа.“- Заев ја повика Владата да ја прифати и оваа мерка за да можат и овие граѓани, кои се првите економски жртви на кризата, да ги покријат основните животни потреби во следниот период.

Спонзорирано: