Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и Мицкоски седнаа на заедничка маса

Лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев и првиот опозиционер Христијан Мицкоски седнаа на заедника маса.

Тие во Собранието дојдоа околу 20 часот.

На средбата Заев ќе го придружува тимот предводен од Рената Дескоска, додека пак Мицкоски тимот на Антонио Милошоски.

Тие заеднички треба да најдат решение за Законот за јавно обвинителство со кој треба СЈО да се припои кон ОЈО.

Опозицијата се очекува да побара на средбата да се разговара и за предвремени избори.