16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најмалку 20 загинати во ураганот Доријан на Бахамите

Најмалку 20 лица загинаа во ураганот Доријан на Бахамите, соопшти денеска министерот за здравство на островот, Дуане Сандс.

Потрагата по преживеани во поплавените домови штотуку започна и тој стравува дека бројот на загинатите ќе биде поголем.

Карипскиот архипелаг од 700 острови беше погоден од екстремно силни ветрови и бранови повисоки од куќите.

Доријан стигна до југоисточниот брег на САД и се наоѓа на 170 километри јужно од Чарлстон, Јужна Каролина.

Американските метеоролози соопштија дека ураганот е од категорија три на скала од пет, со налети од ветер од 185 километри на час.