3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните десет години

Европските цени на природниот гас оваа недела паднаа на најниско ниво во последните десет години, во услови на битка за удел на пазарот меѓу најголемите производители, Русија и САД.

Цените би требало да продолжат да паѓаат, бидејќи референтната цена на бензинот во Холандија се обидува да се опорави од падот под десет евра за мегават час што го забележа претходно ова лето.

Цената на гас за испорака овој месец на холандскиот пазар, главниот индикатор за пазарот на природен гас во Западна Европа, во моментов е на најниско ниво од 2010 година заради вишокот на понуда, се вели во анализата на консултантската компанија „Ристад енерџи“.

Резервите низ северозападна Европа, Италија и Австрија на 28 август достигнаа ниво од 62,3 милијарди кубни метри, или 94 проценти од капацитетот.

И покрај падот на цените на гасот, Русија и САД драстично го зголемија извозот во првите пет месеци од оваа година. Русија учествуваше со 38 проценти во европската потрошувачка на гас минатата година.

Од друга страна, податоците на Управата за информации за енергетици на САД покажаа дека годишниот извоз на гас во Европа минатата година бил 13 пати поголем во однос на 2016 година.

Спонзорирано: