8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Личност на годината - 2018МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев – личност на годината во Македонија

Редакцијата на новинската агенција Centar.mk го избра премиерот Зоран Заев за личност на 2018. во Македонија.

Македонскиот премиер Зоран Заев во 2018-та година го направи најхрабриот чекор што еден македонски политичар го направил во поновата историја, решавајќи го речиси три децинискиот спор за името со Репулбика Грција, што ќе значи отворени порти на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и подобар стандард и подобар живот на граѓаните.

Покрај решавањето на горливиот проблем со Грција, премиерот Зоран Заев успеа да ја направи Македонија “доброто момче” на Балканот. Срдечно ги дочека највисоките функционери на Германија, Британија, САД и многу други земји.

Видливи беа активностите на Владата на Зоран Заев и во економијата, преку зголемување на минималната плата, платите во образованието, културата, полицијата, здравствениот сектор, неговата Влада во 2018-та ги промовира и законите со кои се намалуваат драконските казни врз граѓаните и фирмите кои беа воведени пред точно десет години од страна на бившата власт.

Спонзорирано: