13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија и Франција заедно ќе ги спречуваат мигрантите кои преминуваат со чамци

Британскиот и францускиот министер за внатрешни работи се договорија да ја засилат билатералната соработка, по се почестите обиди на мигрантите во мали чамци да го преминат Ла Манж.

Двајцата во телефонски разговор се договориле за цврста соработка која ќе почне да се спроведува во наредните недели.

Планот за соработка опфаќа зголемување на бројот на патролите, акции за разбивање на криумчарската мрежа и запознавање на мигрантите со опасностите кои им се закануваат за време на преминувањето на Ла Манж. За спроведување на тие мерки задолжено е француско-британски Координациско-информативен центар во францускиот град Кале.

Спонзорирано: