10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската унија го одобри договорот за брегзит, Тереза Меј пред нова битка

Договорот за повлекување на Велика Британија од Европската унија беше одобрен од лидерите на ЕУ, објави денеска Доналд Туск.

„ЕУ27 го усвои договорот за повлекување и политичката декларација за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија“, напиша претседателот на Европскиот Совет на својот официјален твитер профил.

Лидерите на 27. земји членки на ЕУ го поддржаа договорот по помалку од еден час дискусија на вонредниот самит во Брисел.

Договорот е одобрен откако Шпанија во последен момент ја повлече својата најава дека нема да гласа „за“ поради спорот околу Гибралтар.

Сепак, битката за Тереза Меј не завршува тука, бидејќи договорот треба да биде одобрен од парламентот на Велика Британија, каде што има многу членови кои се противат на оваа верзија на спогодбата. Гласањето во британскиот парламент се очекува на почетокот од декември.

За условите за „развод“ меѓу ЕУ и Велика Британија, Лондон и Брисел преговараа во текот на изминатите 18 месеци. Велика Британија официјално ќе го напушти Европскиот блок на 29. март следната година.

Спонзорирано: