24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Пита со мелено месо и компир

Оваа сочна пита послужете ја со свежа салата…

Состојки:

1 среден компир
1 лажичка масло
500 гр свинско мелено месо
1 главица кромид
1 чешне лук
малку цимет
малку мускатно оревче
сол
бибер
100 мл бујон
400 гр лиснато тесто
1 јајце

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Излупете го компирот, исечете го на коцки и згответе го додека не стане мек, а потоа испасирајте го.

Во тава на масло испржете сечкан кромид и мелено месо. Кога месото ќе поприми браун боја, додајте и лук, зачини, супа, бибиер, сол. Добро измешајте и тргнете од шпорет. Додајте пире од компир и оставете да се излади.

Во округол плех ставете половина од тестото. Ставете фил, поклопете со другата половина и добро затворете ги краевите. Избоцкајте ја површината со вилушка, а потоа премачкајте со разматено јајце.

Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Добар апетит!