25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Најубавиот леб на светот: Индиско печиво во кое ќе се заљубите!

Индиската храна е позната во светот по своите пикантни јадења, а нивниот леб е можеби најпосакуваниот дел од нивниот оброк. Лебот наечен „Наан“ личи на сомун, но е помек и повкусен.

Состојки:
280 гр брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
50 гр јогурт
170 мл млака вода
масло за премачкување

Начин на подготовка:

Од сите состојки замесете тесто, оставете го еден час прекриено на собна температура да мирува. Тестото ставете го на малку брашно, поделете го на 6 еднакви делови, премачкајте ги со масло од двете стани и пржете ги во тава (не ставајте масло во тавата).
Кога лебот е готов, послужете го со јадење кое има сос, или направете некој сос за да можете да макате.

Добар апетит!