16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Најлон торта: Хит рецепт кој ќе ве освои!

Бела кора во комбинација со бисквити и чоко банани ќе ве остави без зборови…

Состојки:

10 јајца
400 гр шеќер
1 лажица оцет
500 мл млеко
3 лажици брашно
250 гр маргарин
2 кесички шлаг
150 гр мелени бисквити
100 гр чоколадо
10 крем банани
1 кесичка шлаг

Начин на подготовка:

За кората, разматете ги белките со 250 грама шеќер и оцет во цврст снег. Плехот премачкајте го со маргарин и посипете со брашно. Смесата сушете ја 45 минути на 150 степени.

За филот, разматете ги жолчките со млеко, додајте брашно и 150 грама шеќер, па гответе ги на пареа сè додека не згуснат. Потоа тргнете ги од оган и оставете ги да се оладат малку, па додајте го маргаринот, разматен и подготвениот шлаг (направен од 2 кесички). Поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел ставете го кексот и стопената чоколада, а во другиот дел крем бананите.

Врз готовата кора наредете го прво темниот фил, а потоа посветлиот. За крај, премачкајте ја тортата со останатата кесичка шлаг.