24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Компот од сливи без шеќер и конзерванс

Подгответе компот од сливи без шеќер и конзерванс. По овој рецепт секогаш успева!

Состојки:
5 кг сливи
3 лимони
1 стапче ванила
мед (на секоја тегла три лажици)
2-3 л вода
тегли и капачиња

Начин на подготовка:

Теглите и капачињата добро измијте ги и исушете ги во рерна на 150 степени. Сливите измијте ги, изберете само поцврсти за компотот да биде подобар.

Зовријте 2-3 литри вода, стапче ванила и лимони исечкани на кругови.

Во подлабок лонец ставете стар чаршав или крпа, налијте околу 2 л вода и ставете на рингла да се загрева. За тоа време наполнете ги теглите со овошје, налијте сируп и добро затворете. Редете ги теглите во лонецот со вода и гответе околу 20-30 минути.

Теглите редете ги на ќебе свртени наопаку. Свиткајте ги со ќебето и оставете ги да стојат до наредниот ден.

Откако ќе отстојат еден ден, теглите се спремни за шпајз. Чувајте ги на темно и ладно место.

Компотот можете да го користите за да се засладите, за колачи, торти, пити… Уживајте!