25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Салата од сладок компир со шампињони и спанаќ

Вистински оброк за гурмани. Направте топла, благо зачинета салата од сладок компир, печурки и спанаќ

Состојки:

1 голем сладок компир
десетина шампињони
200 гр спанаќ
2 пиперки
десетина шери домати
јаболков оцет
цимет
сол
маслиново масло
Начин на подготовка:

Исечкајте сладок компир на коцки и ставете на плех за печење. Посипете со маслиново масло и додајте сол, пиперки и цимет. Печете 40 минути на 200 степени додека компирот не омекне.

Печурките исечкани на парчиња динстајте ги на маслиново масло, додајте сол, две лажички јаболков оцет и бибер. Ова би требало да трае околу 7 минути. На крај додајте спанаќ. Гответе уште 2-3 минути да омекне. Додајте шери домати.

На крај сè соединете и сервирајте.

Добар апетит!