16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонија е правна држава во која секој одговара за постапките, никој не е и нема да биде над законот

Времето кога се нарачуваа случаи и пресуди, кога се монтираа судски процеси, кога судовите се злоупотребуваа за пресметки со неистомилсеници е завршено, порача СДСМ.

„Денес судството во Македонија е независно, работи по закон и устав. Македонија е правна држава во која правдата е достапна за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара за своите постапки, согласно законите. Одговороност и правда мора да има!“ додаваат од СДСМ.