11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија мора да ја притисне ЕУ за Брегзит, вели Меј

Британија мора да ги зајакне односите со земјите-членки на Европската Унија ако сака да постигне договор за „Брегзит“, бидејќи преговорите се веќе навлезени во клучната, интензивна фаза, изјави премиерката на Велика Британија Тереза Меј, која се согласува со нејзините колеги по ова прашање.

Портпаролот на Меј пренесува дека за време на средбата на нејзиниот кабинет, министрите за надворешни работи изјавиле дека нејзините планови за Брегзит и напуштањето на Унијата биле примени „срдечно и позитивно“ за време на посетата на на Меј во Европските престолнини.

„Премиерката и министрите се согласни во врска со важноста на постојаната соработка со земјите-членки бидејќи преговорите веќе ја достигнаа онаа клучна и интензивна етапа,“ изјави портпаролот на Меј.