14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев од Кочани: Граѓаните на Македонија секогаш носеле државнички одлуки

Присутните граѓани на денешната трибина на коалицијата „Излези за европска Македонија” во Кочани одговорија потврдно на прашањето на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, дали сме за ЕУ и НАТО.

„Заслужуваме да бидеме граѓани на модерна, современа, демократска Македонија. Ни минува животот. Должни сме да им обезбедиме на децата добра иднина“, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој објасни дека компромисното решение што е постигнато со јужниот сосед вреди затоа што „македонскиот јазик и идентитет се признаени”, никој повеќе не ги спори во светот.

„По 27 години добивме покана да бидеме 30-та членка на НАТО, тоа значи стабилност, безбедност и сигурност, мир обезбедивме за децата. Во процесот на евроинтеграции, 260 000 евра ЕУ донира секој ден, 1.280.000 евра е вкупниот буџет за Македонија од грантовите, што треба да го јакнат нашиот стандард“, рече Заев.

Тој посочи и дека тоа ќе значи повисоки плати, пензии, нови рабитни места и дека Македонија нема алтернативата освен ЕУ и НАТО. Ги повика граѓаните со кренато чело да гласаат „за“ на претстојниот референдум бидејќи граѓаните на Македонија секогаш и носеле државнички одлуки.

„Оваа шанса мора да ја зграпчиме. Имаме храбар народ, ќе покажеме дека сме за европска Македонија“, оцени Заев на трибината со граѓаните во Кочани.