8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на убиената жена – Полицијата излезе со детали

На 31.08.2018 година во 16,37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид. По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.