22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за убиството што ја потресе Македонија

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид доцна попладнево изврши увид на местото на настанот во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена.

Безживотното тело на жената го пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. Според Јавното обвинителство, на телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на Јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги што ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Се трага по сторителот.