10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со успешен референдум стануваме дел од ЕУ и НАТО

Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е патриотски чин преку кој се затвора 25-годишно прашање, се обезбедува иднината на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО и се зајакнува македонскиот идентитет, вели преку соопштение владејачката партија.

„На референдумот на 30 септември, граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните се носители на суверентитетот, тие избираат на избори и на референдум, а нивната волја е неприкосновена и обврзувачка за сите. Граѓаните знаат дека со успешен референдум стануваме дел од ЕУ и НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик во македонска држава и дека тоа право веќе никој нема да им го негира или опсорува“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека мнозинството граѓани е цврсто определена за влез во ЕУ и НАТО и затоа на 30 септември, на референдум слободно, без пристисоци, одлучно и достоинствено ќе кажат „да“ за ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Спонзорирано: