10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОРТОП ВЕСТИ

Катастрофален земјотрес: Светот тагува, десетици загинаа

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес од 6,9 степени според рихтеровата скала, кој го погоди индонезискиот туристички остров Ломбок, а се почуствува и на соседниот Бали, постојано расте.

Досега, според последните податоци од властите најмалку 91 лице го загуби животот, додека повеќе од 200 лица се повредени.

Меѓу загинатите нема странци, властите исто така соопштија дека спасувачките екипи не успеале да стигнат до некој од најзагрозените места.

Ова втор силен земјотрес во оваа област за само едена недела.

Спасувачките екипи продолжуваат со својата потрага, оттаму соопштуваат дека првичната слика која ја затекнале по земјотресот била страотна, насекаде имало разурнати домови, мостови, голем број од патиштата се оштетени.