11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ и НАТО не се оди со крадење

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата и премиерот Заев залудно ги манипулирале граѓаните, бидејќи во ЕУ и НАТО, како што велат, не се оди со крадење. Според нив, се распродава името и брише историјата, заедно со традицијата и културата.

„На оваа влада главна задача е делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде криминалот метастазира, а хедонизмот цвета. Република Македонија не оди напред со капитулација, и со откажување од се што е македонско. Со откажување од минатото, државата нема иднина. Зоран Заев и СДСМ не се лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставуваат европските вредности. Република Македонија ќе се врати на својот евроатлански пат, без капитулација која ја нуди Заев“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе влезе во ЕУ, кога, како што велат, картелот ќе излезе од власта.