24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на кинеската дипломатија во посета на Пјонјанг

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, допатува во Пјонгјанг во прва посета на еден шеф на кинеската дипломатија на Северна Кореја во последните 11 години. Ванг, кој би требало да се сретне со севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг Хоом, на аеродромот во Пјонгјанг го дочекале помошник-министерот Ри Кил Сонг и други претставници.

Дводневната посета на кинескиот министер се случува во моменти на интензивни дипломатски активности на Корејскиот Полуостров и неколку недели пред историскиот состанок на лидерите на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, и претседателот на САД, Доналд Трамп.

И покрај тоа што Кина е најголема дипломатска и економска поддршка на Северна Кореја, Пекинг одлучува да ги примени економските санкции од ОН насочени кон спречување на балистичката и нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Истовремено, Пекинг повикува на решавање на кризата преку дијалог и преговори и се противи на вооружена интервенција.