3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Град Скопје воведува два приемни дена за даночни прашања

Град Скопје информира дека во бараката број 15 (даночни одделенија), почнувајќи од 7 мај, се воведуваат два приемни дена, вторник и петок, во текот на работната недела за прием на граѓани и дежурни правници кои ќе им бидат на располагање на граѓаните во периодот од 9 до 16 часот.

Од Градот велат дека овој новитет се воведува со цел побрзо и поефикасно работење на даночната администрација, особено во делот на решавањето на пријавите и барањата по предмети по основ на данок на имот.

„Во насока на подобрување на даночните услуги за граѓаните, Град Скопје од 1 јануари воведе двосменско работење во бараката број 16, со работно време од 7.30 до 19.30 часот за прием и издавање документи поврзани со даноците на имот. Исто така, со цел поедноставување на процедурите во врска со даноците на имот, во Град Скопје веќе подолг временски период дежурен правник и проценител во бараката број 16, соба 2, во периодот од 8.30 до 16.30 часот секој работен ден, извршуваат процени на имот и им даваат правни совети на граѓаните во врска со нивните поднесоци во даночното одделение“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: