20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: Ципрас игра покер над Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во земјата наиде на жесток отпор во врска со секое решение во спорот со Македонија, а во случај на компромис би можел да стане своевиден Ото фон Бизмарк на Балканот, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ) во написот со наслов „Ципрас игра покер во врска со Македонија“.

ФТ пишува дека околу 60 проценти од Грците се противат зборот Македонија да биде дел од решението за името. Весникот потсетува дека спорот за името датира од 1991 година по распадот на Југославија, а Грција уште тогаш се спротивставуваше за името со аргумент дека таквото име носи територијална закана за грчкиот регион Македонија.

ФТ пишува дека грчката опозициска Нова демократија го нападнала Ципрас што не ги вклучил во разговорите за името и додава дека грчката црква, која на почетокот му дала поддршка за Ципрас, сега е против него.

Спонзорирано: