17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

(Фото) Дознајте колку пати ви е погледнат профилот на Инстаграм

Инстаграм развива опција која на корисниците на апликацијата ќе им покажува колку пати други корисници на мрежата го посетиле нивниот профил. Информациите ќе бидат прикажани на врвот на профилот, а ќе бидат толку забележливи што практично ќе биде невозможно да се заобиколат, пишува „Индипендент“.

Меѓутоа, иако ќе се покажува колку пати е прегледан профилот, нема да има податоци за тоа кои биле посетителите.

Новата функција ја забележал корисникот Мет Навара, по што објавил фотографија од својот инстаграм профил на Твитер која покажува како корисниците кои имаат пристап до оваа опција ќе бидат известени за бројот на прегледи на нивните профили. На врвот на неговиот екран има 133 посети во последните седум дена.

Бидејќи оваа функција се уште е во развој, таа не се појавува на секој кориснички профил.

Спонзорирано: