15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Серија потреси почувствувани во Македонија, најсилниот 4,8 степени

Утрово и синоќа беа беа регистрирани серија земјотреси во дојранското епицентрално подрачје.

Пет од нив беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, од кои најсилниот утринава во 5 часот и 25 минути со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Овој земјотрес, освен во Дојран, беше почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, Радовиш и во Берово, а предизвикал и мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.

Земјотресот бил почувствуван и од населението во Грција и Бугарија.

Послаб земјотрес од 3,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во истото епицентрално подрачје во 23 часот и 13 минути.

По овој земјотрес, следуваа уште три помали, и тоа земјотрес од 3,1 степени во истата минута, понатаму во 23 часот и 16 минути земјотрес од 3,3 степени, а три минути подоцна беше регистриран и земјотрес од 2,9 степена според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошката опсевраторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека епицентрите се наоѓаат 145 километри југоисточно од Скопје.