14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Немирна ноќ во Македонија: Серија посилни потреси ја стресоа земјата

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 1.1.2018 год. регистрирше серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 145 km југоисточно од Скопје и потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје.

Најсилните четири земјотреси беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, и тоа земјотресот во:

• 23 часот и 13 минути беше со Рихтерова магнитуда од 3.7 и беше почувствуван во Дојран со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Стумица со интензитет од III степени според истата скала; Додека следните земјотреси во:  23 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда од 3.3;  23 часот и 19 минути со Рихтерова магнитуда од 2.9; 23 часот и 13 минути со Рихтерова магнитуда од 3.1; беа почувствувани во југоисточниот дел на Републиката со иинтензитет од III степени според истата скала.