20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изгоре познат локал

Синоќа во 11.25 часот на улицата Ѓорче Петров во Скопје од засега непознати причини дошло до опожарување на угостителски објект, сопственост на Ќ.А. од с. Кондово, Скопско.

Од пожарот била опожарена инсталација на надворешен ѕид од помошна просторија, која се наоѓа на задната страна на угостителскиот објект. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.