Украинската армија објави дека изведува контранапади врз Соледар, источен град кој беше предмет на интензивно руско бомбардирање, пишува Си-Ен-Ен.
– По неколкудневно повлекување, дури и постигнавме одреден напредок. Железничката станица е наша. Рудникот е наш. Очекуваме поддршка. Соледар е Украина – објави украинската 46-та бригада на Телеграм.
Русија се обидува да го опколи блискиот Бахмут користејќи ги и платениците на Вагнер и редовниот воен персонал, изјави на Телеграм Хана Малиар, заменик-министер за одбрана на Украина.
Спонзорирано: