19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Американското мешање во Авганистан резултираше само со трагедии и загуби

Вашингтон 20 години се обидуваше да ги воведе своите стандарди во Авганистан, кои резултираа само со трагедии и загуби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Дваесет години американските војници беа присутни на таа територија и дваесет години се обидуваа, и можеме да кажеме дека без да повредиме нечии чувства, да ги ‘цивилизираат’ луѓето што живеат таму“, рече рускиот лидер.

Меѓутоа, во реалноста, според Путин, тие се обиделе да ги „воведат своите норми и стандарди на живеење“ во најширока смисла на зборот, вклучително и политичкиот систем на нивното општество.

„Ова резултираше само со трагедии и загуби – за оние што го направија тоа, за Соединетите држави, и уште повеќе за луѓето што живеат на територијата на Авганистан“, рече Путин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T