Белгиска државјанка била фатена со лажна потврда за негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром, во обид да ја напушти државата.
На 16 април обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР-тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против неа за кривично дело фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Спонзорирано: