14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Белгискиот затвор повторно го тресе скандал: Откриени џакузи оргии меѓу чувари во работно време

Најголемиот белгиски затвор повторно го тресе секс скандал. Вработените во затворот Лантин во близина на Лиеж организирале оргии во џакузи, избирајќи партнери врз основа на бојата на нараквиците.

Една од вработените во шест часот наутро на колегите им кажала дека не може да работи освен ако нема секс.

Полицајката, идентификувана само како С, ја користела канцеларијата на нејзиниот шеф за да може да има секс со персоналот во текот на работниот ден додека тие требало да ги чуваат затворениците во мешаниот затвор. После работа, десет затворски службеници, од кои три жени, редовно се среќавале со еден од машките чувари на џакузи.

Ги открил свиркач
За време на забавата персоналот се соблече и по случаен избор избираше алки во боја кои одредуваа кој со кого ќе има секс. Во меѓувреме, машкиот чувар идентификуван како П, кој е и организатор на забавите, беше обвинет затоа што редовно имал секс со затворенички. Раководителите на затворот започнаа итна истрага откако свиркач им кажал за односите во затворот.

Неименуваниот свиркач го опиша затворскиот чувар како нимфоманка која знаела да им соопшти на колегите дека нема да може да функционира доколку нема секс со некого во шест часот наутро. На истражителите им било кажано дека еден од менаџерите му дозволил на чуварот да ја користи неговата канцеларија за односи. На вработената очигледно не и пречеше тоа што од заедничкиот простор ја делеше само стаклена преграда.

Утврдено е и дека С била редовна во затвор и пред да се вработи бидејќи го посетила својот брат кој бил затворен за убиство.

– Секој ден доаѓаше на гости, беше многу дружељубива со семејствата на затворениците и арогантна кон персоналот кој ја чуваше гостинската соба. Нејзиниот прием во Лантин беше гром од ведро небо, особено што преку ноќ од посетител стана колега – изјави свиркачот.

Оваа ситуација покренува дополнителни прашања за нивото на безбедност и заштита во затворот. Во меѓувреме, нејзиниот брат бил префрлен во затворот Хуџ, кој се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Лантин.

Службена истрага е покрената против десет вработени во затворот за кои се тврди дека организирале оргии и имале врски во работно време. Полицајката идентификувана како С била преместена на женскиот дел од затворот за да ги смири нејзините сексуални нагони, додека чуварката П добила забрана за влез во женскиот дел од затворот.

Работете во опуштена атмосфера
Директорот на затворот Марк Бриси, наводно, испратил белешка до вработените во која вели дека никогаш не помислил дека ќе мора да пишува такви мејлови еден ден.

– Се чини дека морам да потсетам дека работата во опуштена атмосфера не значи претворање на работното место во циркус, игра без граници или забавен саем. Институцијата е работно место, а не клуб – стои во мејлот.

Портпаролот на белгиското Федерално Министерство за правда изјави дека во понеделникот дознал од медиумите дека има проблем во затворот. Откако го дознале, побарале од управителот на локалниот затвор да изврши внатрешна истрага, која во моментов се спроведува.

– Постои можност да има дисциплински мерки, ништо повеќе не можеме да кажеме бидејќи истрагата е во тек – рече тој.

Затворот беше во центарот на секс скандал пред шест години кога затворска чуварка се појави во порно филм што таа го сними со затвореник.