15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хорор во Германија: Маж фрли момче (10) од мост

Германската полиција интензивно трага по маж (40) кој „зборува руски“, и кој фрли 10-годишно момче од Украина од мост „бидејќи зборувал украински“.

Според полицискиот извештај што го објави франкфуртскиот портал Феникс-магазин, момчето кое било нападнато си играло со уште неколку украински деца на мостот над Муленканал во Ајнбек во Јужна Саксонија во саботата. Им пришол маж на околу 40 години и им зборувал на руски.

Тој им се спротивстави дека зборуваат украински и ја обвини нивната земја дека предизвикува војна, тврдат децата.

Под околности кои допрва треба да се утврдат, непознатиот маж прво „повлекол едно девојче за коса“, а потоа „грабнал 10-годишно момче и го фрлил преку оградата на мостот во каналот“.

– Момчето удрило во железните потпори под оградата на мостот, при што се здобило со повреди на главата и на левата нога – изјави портпаролот на обвинителството, додавајќи дека момчето било пренесено во болница, од која подоцна било пуштено.

Напаѓачот побегнал, а децата нападот им го пријавиле на родителите кои веднаш повикале полиција.

Германската полиција издаде налог за пронаоѓање на осомничениот, а обвинителството покрена истрага „поради обид за убиство од небрежност“.