25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Невреме во Анкара: Делови од улици под вода, проблеми во сообраќајот

Силно невреме денеска ја погоди Анкара, главниот град на Турција.

Во некои делови на Анкара имаше поплави, а патните премини беа неупотребливи поради големото количество вода. Големите количества вода најмногу проблеми создадоа во областите Бесевлер и Сиххије, а сообраќајни несреќи се случија во некои делови од градот.

Можеше да се забележи и дека граѓаните чекаат во затворени простори додека не престане обилниот дожд. Градските служби излегоа на терен за да ги расчистат одводите.