Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

НАИЗМЕНИЧЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – Нападнати сопружници, 72-годишна жена се здобила со тешки повреди

ДЕСК

КУЧЕ КАСНАЛО ЛИЦЕ ВО КРАТОВО – Кривична пријава против 35-годишната сопственичка

ДЕСК

ДРОГА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО – Полицијата пронашла 15 пакувања со бела прашкаста материја

ДЕСК